Со парада во Москва, Русија го одбележа 9 мај, Денот на победата над фашизмот под силни безбедносни мерки. Но, парадата оваа година беше со променет формат за разлика од сите претходни во, речиси, 20 години, што официјални претставници го образложија со тековната опертивна ситуација.
Дефилето мина без тенкови, возила со проектили и друго тешко оружје, освен традиционалните прелети на борбени авиони, а за првпат на Црвениот плоштад учествуваа и Севернокорејски трупи.
Во свечената ложа на Црвениот плоштад беа неколку странски лидери. Парадата ја нагледуваше и претседателот Владимир Путин кој изрази уверување дека Русија ќе победи во војната со Украина.
