Нејасно е зошто огласите се поништени, собранието не даде никакво образложение зошто се поништени и која е причината за нивно поништување, рече Ивана Петковска, правен експерт, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Од она што е јавно објавено на веб страницата на собранието и што успеав да го видам во последниот период е одлуката дека огласите се поништуваат и од декември до сега се распишани три огласи. Денеска истекува рокот на третиот оглас за избор на член на Судски совет, така што не знаеме која е причината зошто собранието не бира член на Судскиот совет, бидејќи не е познато за јавноста“, вели Петковска.
С.Д.
