Можно е да се појави недостиг од ракавици, шприцеви, епрувети и материјали за снимање низ болниците, поради конфликтот во Иран.
Најкритично е со контрасните средства што се користат за снимање на пациентите на компјутерскиот томограф и магнетната резонанца.
Залихите се на минимум и затоа раководството на штипската Клиничка болница денеска апелираше до матичните лекари и специјалистите на снимање на томографот и магнетната резонанца да се испраќаат само пациентите, кои се итни случаи.
Добавувачот на овие материјали ветил дека ќе пристигнат до 21 мај.
- Тоа се контрасни средства кои се користат за снимање со компјутерски томографи и магнетна резонанса. Овде залихите ни се на долна граница. И добавувачите немаат залиха бидејќи самиот производител не работи со тој капацитет што работел порано – изјави директорот на Клиничка болница-Штип, д-р Владко Захариев.
Недостатокот е на светско ниво и не само во штипската или други болници. Резервите од шприцеви, епрувети, латекс производи има за два до три месеци.
- Сите болници имаат некакви залихи, ние имаме за месец до два. Се надеваме дека кризата ќе се надмине за тој период. Доколку не се надмине ситуацијата во Иран, ќе се прави реорганизација по другите болници, ако имат залиха, а не ги користат тогаш ќе се регионализират во центрите каде ќе има потреба, рече Захариев.
Мамографот кој е стар и амортизиран, но поради дефект не е во функција, се очекува да се сервисира за десетина дена, со што пациентите од Штип, но и од целиот источен регион ќе можат да ги извршуваат мамографските прегледи.
Инаку денеска е објавен и огласот за вработување на 23 медицински сестри, акушерки, фармацевт, како и техничари, болничари и хигиеничари.
Викторија Јованова
Б.С.
