Вести Свет

СЗО: Епидемијата на хантавирус на крузерот не е почеток на пандемија

Марија ван Керхове, епидемиолог за заразни болести во Светската здравствена организација (СЗО), на брифинг за медиумите изјави дека не е иста ситуацијата како пред шест години со Ковид-19, бидејќи хантавирусот се шири преку „близок, интимен контакт“.

Здравствените власти се во трка за да ги пронајдат десетици луѓе кои неодамна се истовариле од холандскиот брод MV Hondius.

СЗО соопшти дека вкупно се потврдени пет од осум сомнителни случаи на хантавирус. Три лица починале, вклучувајќи 69-годишна Холанѓанка, која го имала вирусот.

Нејзиниот сопруг Холанѓанец и една Германка исто така починале, а нивните случаи се истражуваат.

Хантавирусот обично се шири од глодари но, во најновата епидемија преносот меѓу луѓето е документиран за прв пат, соопшти СЗО.

Луксузното крстарење, управувано од „Оушенвајд експедишн“, го започна своето патување на 1 април во Ушуаја, Аргентина, и се очекува да пристигне на Канарските Острови во Шпанија на 10 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како ќе изгледа реконстрираниот владин кабинет – смени во поголем дел од министерствата

Дејан Дејан

Како што носите телефон со вас, земете и шише со вода – од Брзата помош со препораки до граѓаните

Дејан Дејан

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе