Вести Македонија Топ вести

Труење со јаглероден моноксид доминанта причина за смртта на жртвите од „Пулс“

„Кај најголем дел од луѓето главната причина за смрт е насилсно задушување заради труење со јаглерод моноксид“, изјави Алeксандар Станков, директор на судска медицина.

Дополнителни фактори кои влијаеле на смртниот исход на 59 жртви од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, според директорот на судска медицина Александар Станков се и присуството на цијанид, вдишување на топол воздух, чад, гареж и повреди. Присуството на јаглеродоен моноксид било различно до 10 проценти кај 7 лица и до над 40 проценти кај 4 жртви. Додека пак присуство на цијанид имало кај 26 жртви. Во својот исказ пред судот Станков изјави и дека кај дел од жртвите било пронајдени и присуство на алкохол во крвта, лекови и дрога.

„Тие не придонеле скоро воопшто во настапување на смртниот исход. Постојат многу фактори на делување, кои се многу поважни како просторот, неможноста за евакуација, присуството на чад, присуството на топол воздух. Происуството на јаглерод моноксид и цијанид“, рече Станков.

Кај останатите 4 лица кои што дополнително починаа по кобната вечер на 16 март лани, причината за смртта биле изгорениците и оштетувањата на белите дробови. Родителите на жртвите реагираа дека на социјалните мрежи се објавиле докази кои се дел од постапката, а прстот го посочија кон обвинетиот градежен инжинер Николчо Гоцев со цел да се манипулира јавноста.

„Доста е од лаги. Доста е од обиди вината да се префрли кај жртвите и кај преживеаните. Обвинетиот очигледно сметал дека со селективно објавување и манипулација на јавноста ќе успее да ја релативизира па дури да ја испере неговата одговорност. Но, најважното го заборавил рацете извалкани со вина не се перат со лаги“, рече Маја Крстевска Коларова, сопруга на жртва од „Пулс“.

Во јавноста се објавија обдукциските наоди на дел од жртвите кај кои било најдено присуство на алкохол, дорга или лекови. Според родителите заклучокот од судска медицина е јасен за причината за смртта.

„Заеднички именител е смртоносна средина која не смеела да постои“, додаде таа.

Во однос на повредените, според Станков, констатирани се изгореници од прв, втор и трет степен. Потоа инхалациони повреди, односно оштетување на дишни патишта и скрешници на зглобови, коски и ребра. На денешното рочиште се читаа и исказите на сведоци кои не се достапни на органите на прогон, а кои вечерта биле гости во „Пулс“.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе