Повеќе граѓани пријавиле дека добиле пораки во кои испраќачот лажно се претставува дека е од МВР и ги информира за наводно сторен сообраќаен прекршок. Во пораката од граѓаните се бара да кликнат на линк кој води до лажна веб страница на МВР, потоа треба да ја внесат регистарската табличка на нивното возило, по што се отвора нов прозорец каде е регистриран прекршокот и треба да платат 1.500 денари.
Од секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР информираат дека пораките за наводно регистриран сообраќаен прекршок се испраќале од странски телефонски број +639606963624, а наплатата со платежна картичка водела до лажната веб страна http://mvr.govmk.cam/mk.
Од МВР апелираат до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа можат да бидат злоупотребени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
