Обединети Арапски Емирати најавија излегување од ОПЕК и ОПЕК+ по речиси шест децении членство, со цел да добијат поголема слобода во одлуките за производство.
Одлуката доаѓа во период на зголемена глобална побарувачка за енергија и амбиции на земјата да го зголеми капацитетот на 5 милиони барели дневно до 2027 година.
Експертите предупредуваат дека заминувањето на ОАЕ ќе го ослаби влијанието на картелот, особено на неговиот лидер Саудиска Арабија, бидејќи двете земји заедно контролираат значителен дел од глобалниот резервен производствен капацитет.
Тоа може да ја намали способноста на ОПЕК да реагира на кризи и да ги стабилизира цените на нафтата, правејќи ја организацијата „структурно послаба“, објави Би-Би-Си.
Иако краткорочното влијание врз пазарот се очекува да биде ограничено, особено поради тензиите со Иран и нарушувањата во Ормутски теснец, на долг рок потегот може да доведе до поголема нестабилност на цените.
Ова е голем удар за ОПЕК во време кога е доведена во прашање неговата долгорочна одржливост.
-Не е само тоа што ОАЕ, откако целосно ќе ја вратат својата нафта на пазарот, веројатно ќе се стремат кон 5 милиони барели дневно. Саудиска Арабија би можела да одговори со војна на цените на нафтата што поразновидна економија на ОАЕ би можела да ја издржи, но посиромашните членови на ОПЕК веројатно нема да ја издржат, што би влијаело на цените на нафтата, стои во анализата.
Високи функционери на Емиратите зборуваат за нови цевководи од нафтените полиња во Абу Даби што би го заобиколувале Ормускиот Теснец и би воделе до недоволно искористеното пристаниште Фуџаира.
ОПЕК, основан во 1960 година, ќе остане со 11 членки, но со намалена способност за координација на глобалното производство.
