Вести Македонија Топ вести

Мицкоски ги искара маркетите, ги повика добавувачите и производителите да пријавуваат нефер трговски практики

Јавна тајна е дека маркетите го заобиколуваат законот и спроведуваат нефер трговски практики, и ги повикуваме добавувачите и дистрибутерите тоа да го пријавуваат и посведочат за да можеме да преземеме мерки, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој информира дека в понеделник е закажан состанок со маркетите и дистрибутерите на кој ќе им испратат, како што рече, силна порака за начинот на нивното однесување на пазарот. Најави засилување на контролите за нефер трговски практики и оти законските измени со кои десеткратно се зголемуваат казните за маркетите кои вака се однесуваат се при крај.

„Кога ќе направите инспекција и кога ќе ги видите сметководствените книги ќе видите дека сè е во ред, но има преку трети, четврти прокси канали се наплаќа тој ројалити дали производот да е полево или подесно на полицата и тоа е веќе јавна тајна и сите го зборуваат. Затоа јас ги охрабрувам да посведочат за да можеме како држава да преземеме мерки против таквите маркети коишто така нефер трговски се однесуваат“, изјави премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Инфлацијата во мај била 4,8 проценти, а храната е за 4,7 отсто поскапа од минатата година. Мицкоски вели дека инфлацијата е меѓу најниските во регионот, но очекува да се спушти под 4 проценти.

СДСМ, пак, обвинува дека владата за две години ја доведе земјата до економски колапс – економијата стагнира, а граѓаните осиромашуваат.

„Нема соодветен раст и базиран е исклучиво на лична потрошувачка, а не на производство и извоз, модел кој е неодржлив и директно ја зголемува инфлацијата. Мицкоски ветуваше подобрување на животниот стандард, повисоки плати и подобар живот. Наместо тоа, граѓаните добија „маратон во сиромаштија“, велат од СДСМ.

Според синдикалната минимална кошничка, на едно четиричлено семејство со сопствен стан во јуни му требале 68.654 денари за живот. Ако треба и да изнајмат стан, трошоците надминуваат 84 илјади денари. Трошоците само за храна 25.120 денари.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Во Тетово некои улици осветлени и дење, други со денови во темнина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе