Вести Македонија Топ вести

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Намалениот број на ученици и тужбата за сегрегација на учениците од ромската заедница се причините што почнува процесот на затварање на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во Штип.

Две години е работена на стратегијата за реорганизација и оптимизација.

И локалната и централната власт тврдат дека наставниот кадар нема да остане без работа. Од новата учебна година од септември нема да има образовен процес за ученици во прво и во шестто одделение. Во наредните пет години овој процес треба да биде затворен за девотолетката „Гоце Делчев“ во која учат околу 600 ученици.

– Основно училиште „Гоце Делчев“ и во наредните четири-пет години ќе се одвива настава во ООУ „Гоце Делчев“. Но, како ќе завршуваат генерациите, така наставниот кадар  ќе се превзема во останатите училишта по основ на пензионирање-нема да внесуваме нови наставници и да правиме суфицит и превработеност, туку ќе го искористеме веќе постоечкиот потенцијал, вели градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Според бројот на ученици и наставници на ниво на Штип просекот е еден наставник има девет ученици. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека сите ученици од училиштето „Гоце Делчев“ ќе го продолжат својот образовен процес во многу подобри услови и во многу подобра социјална средина.

Децата ќе си продолжат така како што сакаат, во кое училиште ќе одберат да учат, таму и ќе учат. Во овој петгодишен план во Штип се предвидени околу 80 пензионирања, што значи наставниците и од ова училиште и од другите училишта ќе си го добиваат своето место соодветно на пензионирањата, и доколку и во иднина бројот на ученици се намалува, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Инаку зградата на деветолетката „Гоце Делчев“ која е во централниот дел на градот ќе биде преземена од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Процесот на затварања на училишта низ источниот регион се одвива континуирано изминатите години, бидејќи училиштата кои се пред се во руралните средини остануваат без ниту еден запишан ученик во прво одделение. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат природниот прираст на населението во 2024 година е во дебел минус. Се родиле само 936 новороденчиња, а починале 1.974 граѓани.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе