Ракомет Спорт

Шок за Вардар: Без најдобрите двајца на гостувањето во Монпелје

Вардар драстично ослабен вечерва од 20:45 часот му гостува на Монпелје во првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европска лига. Тренерот Иван Чупиќ не може да смета на двајцата клучни играчи.

„Црвено-црните“ отпатуваа во Франција без Јака Малус и Дмитро Хориха, кои се и најдобри стрелци на тимот. Според неофицијални информации, Малус има повреда, додека Хориха е болен и го пропушти и последниот натпревар во домашното првенство против Алкалоид.

Дуелите меѓу Монпелје и Вардар важат за вистинска класика, но во Лига на шампиони. Двата поранешни европски шампиони досега се сретнале 11 пати во елитното натпреварување, а ова ќе биде нивна прва пресметка во второто по ранг клупско натпреварување.

Интересен е и билансот во Франција – Монпелје нема победа на домашен терен против Вардар. На пет гостувања, македонскиот тим има четири победи и едно реми, остварено во првиот меѓусебен дуел во 2014 година. Сепак, францускиот тим има слатка одмазда – триумфот од 28-27 во полуфиналето на фајнл-форот во Келн во 2018 година, по што стигна и до титулата.

Вечерашниот натпревар ќе биде вистински тест за карактерот на актуелниот состав на Вардар. Самодовербата од доминацијата во домашното првенство и солидната европска сезона – со осум победи и само два порази – треба да биде дополнителен мотив.

Реваншот од четвртфиналето се игра на 5 мај во Скопје, во салата „Јане Сандански“.

ФОТО: РК Вардар/Фејсбук

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без нови сензации на СП: Франција, Норвешка и Мексико сигурно до осминафиналето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе