Руската централна банка продаде околу 22 тони злато од почетокот на годинава со цел да го покрие растечкиот буџетски дефицит, кој достигна 4,6 трилиони рубљи.
Причина за ваквиот чекор се намалените приходи од нафта и гас, што создава дополнителен притисок врз економијата и државните финансии под водство на Владимир Путин.
Според официјалните податоци, златните резерви се намалиле, додека тргувањето со злато значително се зголемило.
Аналитичарите оценуваат дека продажбата на злато е очекуван потег, бидејќи многу централни банки го користат овој инструмент за обезбедување ликвидност во услови на економска неизвесност и зголемени државни трошоци.
Фискалната состојба на Русија останува под силен притисок, особено поради зголемените воени расходи и продолжените геополитички тензии.
Со ограничени алтернативи, властите во Москва веројатно ќе продолжат со продажба на злато и користење на резервите за да ја одржат стабилноста на буџетот во наредниот период.
