Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува извештај од Филозофски факултет при УКИМ по констатираните нерегуларности при упис на студенти на втор и трет циклус студии.
Надзорот на Државен просветен инспекторат утврдил прекршувања, по што факултетот веќе постапува по дадените насоки.
Според Јаневска, по истекот на рокот за постапување и добивањето на конечниот извештај, Министерството ќе донесе одлука за случајот.
Според медиумски информации, дел од студентите биле запишани без исполнети законски услови, по што им биле прекинати студиите.
Станува збор за десетина случаи, а засегнатите студенти бараат враќање на средствата уплатени за упис.
По објавите поврзани со прекинот на студиите на студенти на втор и трет циклус студии, денеска во 14:00 часот на Филозофскиот факултет, прес- конференција ќе одржи Деканот проф. д-р Оливер Бакрески.
Б.С.
