Вести Свет Топ вести

Иран ги обвини САД за кршење на примирјето

Иран го нарече запленувањето на иранскиот брод од страна на САД во близина на Ормутскиот теснец јасно кршење и на меѓународното право и на договореното примирје.

САД запленија товарен брод под иранско знаме, за кој се тврдат дека се обидел да ја избегне нивната поморска блокада.

  • Кога станува збор за заштита на националните интереси на Иран, ние не признаваме  ултиматуми. Тоа е првата поента. Второ, ние не ја започнавме оваа војна. И во двата наврати, во јуни и повторно во февруари, се вклучивме да го одбраниме суверенитетот на Иран и јасно ставивме до знаење дека ќе продолжиме да се браниме сè додека интересите на Иран го бараат тоа. Без сомнение, доколку САД или ционистичкиот режим започнат каков било нов авантуризам, вооружените сили на Исламската Република Иран ќе бидат целосно подготвени да ја бранат земјата со полна сила, велат властите на Иран.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе