Необична сцена се случи во Темекула, каде што балон на топол воздух со 13 лица слета директно во двор на семејна куќа.
Сопственикот на домот, Хантер Перин, воопшто не знаел што се случува сè додека сосед не го известил за неочекуваните „гости“.
Додека тој гледал телевизија, а неговата сопруга спортувала, група патници веќе се симнувала од балонот во нивниот мал тревник широк околу три метри.
Балонoт, украсен со ѕвезди и полумесечина, бил вистинска атракција додека се спуштал над куќата… По безбедното слетување, пилотот ги симнал патниците, повторно полетал и го приземјил балонот на улицата во близина, каде што потоа бил расклопен.
Инцидентот завршил без повредени, но оставил силен впечаток кај домаќините и соседите.
