Вести Македонија Топ вести

Прекин на терапија кај пациенти со туберозна склероза

Седна на скалите пред министерството за здравство со транспарент „фали терапија“ . Весна Алексовска претседателка на здружението „Живот со предизвици“ го крена гласот за пациентите кои, како што вели, повторно остануваат без неопходните лекови. Овојпат, алармот е за лице со туберозна склероза кое две недели било без терапија. Но, според Алексовска, ова не е изолиран случај туку долгогодишна пракса.

„Пациентите континуирано остануваат без терапија во еден или во друг дел од годината или неколку пати годишно некогаш се недела две, некогаш се месец во прашања. За жал тоа континуирано се случува, туку затоа оваа година решив да бидеме гласни како здруженија и за секој пациент, дали е еден или се двајца, ќе бидеме пред министерство за здравство само за дадеме на знаење дека знаеме дека фали терапија, знаеме дека одново е прекинат континуит“, вели Весна Алексовска претседателка на здружението „Живот со предизвици“.

Алексовска побара надлежните навреме да ги проверуваат количините за да се направат соодветни нарачки за да не доцни терапијата.

„Не знаеме какви проблеми би носело тој прекин на континуитет , но штом ви препишуваат терапија и ви викаат дека е доживотна нормално е дека не треба да се прекинува.Терапија која ја примате, која ви делува соодветно, ви дава понормален живот треба да е терапија која секојдневно ќе ја има“,рече Весна Алексовска претседателка на здружението „Живот со предизвици“.

Од здравство велат дека лекот за туберозна склероза е пристигнат и пациентката веќе е ставена на терапијата. Уверуваат дека застој во терапиите нема.

Продолжува континуираната дистрибуција. Терапија има – велат од Министерството за здравство

Ова не е прв пат пациенти или здруженија да се жалат на недостиг од терапија. Изминатиов период алармираа и дијабетичарите дека сензорите за мерење шеќер во крвта се уште ги нема во сите градови низ земјава, онколошките пациенти како и лицата со хемофилија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе