Вести Македонија Топ вести

Имотно правни проблеми ја запреа реставрацијата на „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново

По тринаесет години континуирани активности и вложени над 500 илјади евра  во реставрацијата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, процесот во моментов е запрен поради нерешени имотно-правни прашања. Дел од храмот граничи со приватна парцела, што го оневозможува поставувањето на  настрешница, која ќе го заштити надворешниот фрескоживопис.

-Корисно  е да се постави трајна заштита со настрешница, кои   се од привремен карактер. Ќе  ја исполнуваат својата функција, максимална заштита на фреските од дожд и сонце“, посочува Оливера Макриевска, конзерватор советник.

Сопствениците на соседната парцела се во странство, а експропријација досега не е спроведена и токму тоа го кочи проектот. Министерот за култура, Зоран Љутков, кој денеска ја посети Преспа, вели дека се бара решение,  но без конкретен рок за продолжување на реконструкцијата.

-Во моментов се соочуваме со предизвици поврзани со поставувањето на настрешницата, која треба да го заштити фасадното сликарство. Остваривме разговори со директорката на Завод и музеј, со стручните тимови, како и со директорката на Управата за заштита на културното наследство. Си поставивме задача овој проблем да се реши во најкраток можен рок, а поддршка ќе даде и Општина Ресен, со цел активностите да продолжат“, изјави Зоран Љутков, министер за култура

Конзерваторските работи започнаа во 2013 година. Досега е завршена заштитата на фреските во внатрешноста на црквата, а подготвен е и проект за фасадата.  На реставрацијата работеа експерти од битолскиот Завод и музеј и од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун. Но, засега останува неизвесно кога ќе продолжат работите.

Црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, бисер од 12 век, е позната по фреската на Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“, едно од најзначајните дела на средновековното сликарство.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе