Со порака дека социјадемократијата е жива идеја и дека вистинска социјалдемократија е да се биде упорен и храбар во определбите за спроведување на реформите кога таа е на власт и да врши силен притисок кога е во опозиција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на свечена седница за одбележување на 35 години СДСМ, од седиштето на партијата, освен за минатото и за иднината на партијата која ја предводи, испрати пораки и до политичките противници.
„Оваа држава никогаш не била силна кога била најгласна, била силна кога била разумна. И да знаат гордоста е на оваа страна, на страната на СДСМ, на вистинската страна на историјата. А на нивна страна е срамот, срамот за предавството на националните интереси, за антиевропските политики, на страната на криминалот, на контрола на судството“, рече Филипче.
Филипче им порача дека времето на лаги, на лажен патриотизам, на сиров национализам, на штета на меѓуетничките одниси и на врвните национални интереси е завршен. Тој не ги заобиколи ниту разочараните сопартијци на кои им порача дека социјалдемократскиот сојуз го правата луѓето кои веруваат во вредности и кои никому ништо не должат освен на сопствената совет и јавниот интерес.
Лидерот на СДСМ, пак, од говорницата побара од социјадемократите да си ветат тешка политичка борба и чесност, правда, правични даноци, но и држава што не се плаши од вистината.
„Тргнавме против оваа ненародна криминална и предавничка власт, чисти, скромни, искрени, посоцијалдемократски, од било кога досега“, рече Филипче.
Филипче на свечената седница, во обраќањето, ги спомена сите пет поранешни лидери на партијата, цитирајќи нивни изјави поврзани со периодите на предзивици со кои се соочувала државата во изминатите 35 години од постоењето на СДСМ, но во свечената сала во седиштето на партијата беа присутни само двајца од нив – Владо Бучковски и Димитар Ковачевски.
Зоран Заев, наместо на партискиот јубилеј, вечерва избра да биде на промоција на документарецот посветен на Преспанскиот договор, „Договор со историјата“, додека Радмила Шеќеринска е во Брисел, а за Бранко Црвенковски немаше информација зошто не се одѕвал на поканата за одбележување на 35 години СДСМ.
Тамара Грнчароска
