Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максимумот од 16 до 23°C.
Информација од ова утро 19.4.2026
Минимална температура (во °C)
-1 Берово, 0 Лазарополе, 1 Mаврови Анови, Попова Шапка, 2 Крива Паланка, 4 Тетово, Битола, 5 Охрид, Претор, Штип, Струмица, Kрушево, 6 Прилеп, Гевгелија, 7 Куманово, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 8 Скопје-Зајчев Рид, Велес.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
4 Струмица, 1 Велес, Берово, Ѓуриште.
