Вести Македонија Топ вести

Повеќе од шест месеци се чека на реконструкција на некои тетовски улици, a новоасфалтираните се со маани

Во Тетово граѓаните се незадоволни од темпото и квалитетот на обновата на улиците почната во предизборниот период. Жителите на улиците пред тетовската касарна веќе шест месеци живеат во прашина чекајќи го асфалтот ветен уште пред изборите. Некои населби пак добија нов асфалт, но има значајни пропусти. Иако на терен се видливи проблемите, градоначалникот Биљал Касами тврди дека надзорот гарантира за квалитетот на извршените работи.

Голем број улици кои гравитираат околу тетовската касарна и по повеќе од половина година го чекаат асфалтирањето кое беше почнато во предизборниот период. Граѓаните алармираат и се жалат дека претерано долго ја чекаат обновата на раскопаните улици.  Движењето со возило значи опасност од нивно оштетување, а и одењето пешки е предизвик пред се за повозрасните луѓе.

  • Генерално не сме задоволно од улицата, бидејќи 8 месеци чекаме да се направи. Не знам дали општината, работи не работи, пошто ние 8 месеци останавме овде во прашина и во пепел.
    -Не лажат, утре, задутре, недела, две недели, месец, година. Не знам колку ќе биде ова.

    -Улицава не чини, се со дупки е. Ние стари луѓе одиме и само се потсопнуваме. Треба да се направи, велат граѓаните пред камерата на Телма.

Деновиве градоначалникот Касами ги посети населбите Ајдучко маало и Дреновец каде обновата е завршена. Но таму, очигледни се пропустите во асфалтирањето. Па така, има улици со различни слоеви на асфалт и некаде нерамнини, неизвршена нивелација на шахти, како и дупки кои останале како непополнети.

  • Ние каде што се движиме, не влегуваме, по споредни улици, тамо не можеме да дадеме. Ова ние каде што се движиме јас лично примедба немам, значи иде се во ред. Ако влезете некаде во сокаците може и да има некои недостатоци. Меѓутоа главните сообраќајници се добри.
    -Да за шахтите ако е посебно прашање, пријателот даде негово мислење. Јас ќе кажам поинаку Шахтите се бетонски се, искршени, пропаднати, а и низ градот гледам кога ќе помине кола клопоти знаеш. Тоа е тоа. Значи недоволно изработени онака како што треба, или фушерски. Што се вели држи вода, додека мајстори одат, велат граѓаните.

На прашањето до градоначалникот колку од општината се следи квалитетот на изградбата на улиците, бидејќи има очигледни пропусти, тој е уверен дека градежните работи се извршени како што треба.

  • Значи согласно дозволата за градба има надзорен орган кој е ангажиран на општината и кој значи за да се пушти во употреба треба да стави потпис и да одговара, за квалитетот на извршените работи. Во овој дел исто и општината, односно секторот ги следи работите кои се реализираат на терен. Со тоа ние гарантираме за квалитетот на извршените работи, рече Биљал Касами.

Според општинарите градежната офанзива за асфалтирање ќе продолжи во наредниот период и се очекува тоа да се направи и за улиците околу касарната.

Александар Самарџиев

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе