Вести Македонија Топ вести

Недостиг на сестри во интензивна нега – една медицинска сестра се грижи за пет пациенти

На одделенијата за анестезија и интензивна нега, каде што се лекуваат најкритичните пациенти, недостигот на медицински сестри станува се поалармантен. Голем број пациенти, многу операции, а малку кадар-ваква е состојбата во македонското јавно здравство. Една сестра наместо за еден пациент, се грижи за пет.

  • „Треба да има една медицинска сестра на еден пациент, но во реалноста има четири до пет пациенти на една медицинска сестра. Тоа е загрижувачки бидејќи се работи за пациенти кои се под 24 часовен мониторинг. Треба да најдеме решение да имаме повеќе сестри“, изјави Јулијана Казанџиска, претседател на здружението МЗМСАРИН.

Токму ваквите услови ги тераат медицинските сестри да заминуваат во странство, каде добиваат подобри услови и повисоки примања.

  • „Јас можам да кажам дека има недостаток на медицински сестри кои работат на одделите за анестезија и интензивна нега. Бројот секојдневно е се помал. Состојбата е загрижувачка. Ова мора да биде аларм за нашите институции бидејќи се работи за одделенија кои се грижат за најкритичните пациенти, а бројот е се помал. Медицинските сестри го напуштат работното место од причина што се помалку се вреднувани, се помалку се платени, а премногу оптоварени“, додаде Казанџиска.

Здруженијата на медицински сестри велат дека за овој проблем со години алармираат до надлежните институции, но засега без конкретни резултати. Бараат итни вработувања и системски решенија.

Од Министерството за здравство, пак, како привремена мерка најавуваат законско решение со кое пензионирани доктори и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70 години. Законот е веќе во владина процедура.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе