Судијата во Апелација Ѓоко Ристов останува во куќен притвор – одлучи штипска Апелација. Тој се жалеше на решението и бараше куќниот притвор да му биде укинат и да се брани од слобода.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе и обвинение против судијата Ристов откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид. Според истрагата, постои основано сомнение дека судијата Ристов од февруари 2020 година, спротивно на законската должност, давал лажни податоци за својот имот и не пријавил средства кои во огромни размери ги надминуваат неговите законски приходи.
Врз основа на доказите судијата се товари за две тешки кривични дела: Противправно стекнување и прикривање имот и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Обвиние против судијата Ристов кај кого беа пронајдени 350 000 евра во созидан бункер зад плочки
