Вести Македонија Топ вести

Приведен битолчанец, пријавен кумановец, стружанец си ја избркал партнерката од дома – за еден ден пет пријави за семејсно насилство

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, објави МВР во полицискиот билтен.

На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка.

На 16.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.

На 16.04.2026 во 10:40 часот во ОВР Струга, 56-годишна жена од струшко пријави дека нејзиниот партнер подолг временски период физички и психички ја малтретирал, а дента ја избркал од дома, при што ѝ ги одзел клучевите од домот.

На 16.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 59-годишна жена пријави дека околу 13:00 часот на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц.(65) упатувал закани кон неа и нивниот син.

На 17.04.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје 48-годишна жена пријави дека на 15.04.2026 нејзиниот поранешен партнер Д.Н.(51) упатувал телефонски закани кон неа, нејзините деца и кон нејзиниот поранешен партнер.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе