Вести Македонија Топ вести

Судење за Димитровска – обвинителството го покажа фалсификуваниот сертификат за тајност

Сертификатот кој бил добиен со фалсификат беше презентиран денеска како доказ во судскиот процес против поранешната претседателка на антикорупциската комисија Татјана Димитровска. Како докази на денешното рочиште обвинителството ги покажа и предметите за судир на интереси кои се воделе во ДКСК додека таа беше прв човек на институцијата, како и документи за имотната состојба на екдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ кој е обвинет во случајот Адитив.

На следното рочиште се очекува да бидат презентирани и преписките меѓу неа и Стојановиќ со кои обвинителството ќе докажува дека има оддавање на службена тајна. Таа на стартот на судењето негираше вина бидејќи тврди дека сите информации биле јавно објавени на седница со што не се спорни пораките меѓу неа и обвинетиот во Адитив. дВина негираше и ревизорот Миле Столевски кој е обвинет дека во нејзино име го полагал тестот за сертификат за „државна тајна“ и обвинетата Билјана Мантева од Тец Неготино.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе