Вести Македонија Топ вести

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, На претходното рочиште во четвртокот минатата недела беа изнесени нови сведочења од преживеани посетители на трагичната ноќ.

Тие опишуваа дека огнот брзо се проширил, а просторијата веднаш се исполнила со густ чад. Сведочеа и дека за време на трагедијата се чувствувал и силен мирис, а ја опишаа и паниката која настанала во објектот.

Една од сведоците раскажа дека со другарки се обиделе да излезат, но се соочиле со блокиран излез и голема гужва.

Според нејзиното сведочење, дел од посетителите ја изгубиле свеста поради чадот, додека други биле повредени во стампедото.

Таа изјави дека била спасена во последен момент преку отвор во ѕидот, по што ја презеле пожарникари.

Други сведоци опишаа силна топлина, паѓање на делови од таванот и хаос во обидите за бегство. Еден од нив изјави дека излегол само неколку секунди пред да се блокира излезот, додека инспекторка сведочеше за недоволни контроли и отсуство на последователен надзор врз објектот „Пулс“.

Во случајот Пулс обвинети се триесетина физички лица меѓу кои и сопственикот на кабарето, Деко Јованов, како и на три правни субјекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе