Вести Македонија Топ вести

Фокус на интерна медицина и општа хирургија – нови реформи во здравството во новата академска година

Со почетокот на новата академска година ќе започне и нова реформа на системот на специјализации и супспецијализации на медицинските факултети во Скопје, во Тетово и во Штип. Фокусот е на две клучни области – интерна медицина и општа хирургија.

„Сите колеги или студенти коишто се на специјализации до трета година ќе може да се префрлат во новата програма, во новиот корикулум, додека тие што се веќе над трета година ќе треба да завршат со старата програма“, најави министерот за здравство, Азир Алиу. 

Системот на специјализации и супспецијализации кој се применувал досега, покажал дека специјалистите имаат недоволна практична подготовка и ограничена применливост, особено во интензивната и итната медицина.

„Интерната медицина и општа хирургија се нешто што е основа на медицината и затоа инсистиравме тоа да биде нешто што сите колеги ќе имаат сериозна основа за да може во зависност од потребите на нивните болници да одат да се надградуваат. Но, основата, онаа што ние ја имавме постарите генерации, е нешто што секогаш држи да можат нашите колеги низ внатрешноста да имаат поголема можност со поширок дијапазон на препишување на лекови и на работа да си го оправдаат“, изјави претседателката на Лекарската комора, Катерина Гривчева Старделова.

Реформата најпрво треба да помине на владина седница, по што универзитетите ќе ја започнат академската постапка за нејзина имплементација.

„Научно-наставниот совет на медицинскиот факултет во Тетово се усогласи и даде одговор дека се прифаќа таа измена“, рече проф. д-р Невзат Елези, декан на медицинскиот факултет Тетово.

„Тоа е една сериозна реформа доколку вака како што е сега замислена ја имплементираме во иднина. Тоа ќе овозможи верувајте многу подобрена здравствена заштита на целата територија на државата што е во крајна линија и целта на сето ова што го правиме“, истакна проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на медицинскиот факултет Скопје.

„Направени се опсежни анализи за потребата да се изврши укинување на овие насочени специјализации за што за првпат се вклучени тимови од трите факултети. Тимовите имаат работено, разгледуваат и сè уште се прават анализи во однос на потребите за укинување на овие насочени специјализации“, рече проф. д-р Катерина Златановска, декан на медицинскиот факултет Штип.

Новиот модел предвидува и усогласување на постојниот кадар. За дел од специјалистите ќе има едногодишни програми, додека за други се предвидени двегодишни програми за надградба според новите специјализации.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе