Сериозни оперативни проблеми секојденвно со ЕЕС системот. Европската авиоиндустрија бара од Европската комисија да овозможи целосно или делумно суспендирање на новиот Систем за влез/излез до крајот на летото. ЕЕС, кој официјално стартуваше на 10 април во 29 шенген земји, се однесува на патници вон ЕУ кои престојуваат до 90 дена во рамки на 180 дена.
Системот ги заменува рачните печати во пасошите со дигитална евиденција за влез и излез, и собира биометриски податоци како отпечатоци од прсти и фотографии на лице.
A4E повика на поголема флексибилност во имплементацијата како суштинска за непречено одвивање на операциите.
–Единственото изводливо решение е Европската комисија да дозволи целосно и делумно суспендирање на EEС до крајот на летото, каде што е потребно, стои во соопштението.
