Вести Свет Топ вести

Маѓар: Невозможно е Унгарија да се откаже од руската нафта

Испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ се од најголема важност за Унгарија, изјави Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која победи на унгарските парламентарни избори во неделата.

„Ова е многу важно и Унгарија едноставно не може сега да се откаже од тоа. Ако би сакала сега да го стори тоа, би било тотално невозможно од аспект на географско гледиште. Русија ќе остане на своето место, како и Унгарија“, нагласи тој во интервју за Радио Кошут.

Маѓар изрази надеж дека Украина ќе го одржи своето ветување и ќе продолжи со испорака на суровини во наредните недели. Но, лидерот на Тиса појасни дека сè уште не остварил директен контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи актуелниот премиер Виктор Орбан официјално ги задржува овластувањата за преговори до почетокот на мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Ноќ поскапа од векот“ во кореографија на Игор Киров го отвора 40. издание на „ Будва град театар“

Дејан Дејан

Оосмничениот признал дека опожарил возила на Бугарска амбасада

Дејан Дејан

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе