Вести Македонија

Правда утре ќе ги бара сите предмети поврзани со Никола Груевски од надлежните судски органи и обвинителства

Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди  потребните документи, a во текот на утрешниот ден ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи  за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски.

Откако од надлежните органи ќе ги добие потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи, стои во соопштението.

Од Правда потсетуваат дека за  Никола Груевски досега било поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година.

Екстрадицијата била побарана за сите предмети за кои постоеле сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница, велат од Министерството за правда.

Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.

Досие Груевски – три пресуди го чекаат во Скопје, има фирма и азил во Будимпешта, на црна листа е во Вашингтон

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе