Членот 218 од Законот за извршување е зрел за измена, оценува експертот по граѓанско право Виктор Стојановски од Тетово, кој елаборира на оваа тема во својот на научен труд на тема „Должничко-доверителската нееднаквост“.
Првиот став од овој член беше оспорен пред Уставен суд, кој пак одлучи по службена должност и да го проценува и вториот став . Тој дел од членот дозволува претседателите на судови да определуваат колку може да им се земе од сметките на државните органи, па експертот вели дека имаме правна нееднаквост.
Во оваа ситуација полесно се врши присилната наплата од сметките на граѓаните и фирмите, отколку на институциите. Ова дискрециско право на еден човек може да доведе до арбитрарност, произволност и воведува во корпус на правни предизвици, вели Стојановски.
Средствата за кои се изземени од извршување треба да бидат законска регулирана материја. Не да се одлучува со посебен конкретен акт. Значи тоа е нешто што треба законот да го регулира и законот нормално важи општо за сите кога имаме ни одлучување од одреден орган, постои опасност во одредени случаи да се одлучи на еден начин. Во други случаите се одлучи на друг начин. Лимит и да се поставуваат разни, без еднаква судска практика, додава Стојановски.
Општина Тетово е една од локалните самоуправи кои со децении се соочуваат со огромно долгови. Според актуелниот градоначалник измената на овој член ќе го блокира работењето на голем број институции и установи.
Ако се прифат иницијатива тоа ќе значи дека, повеќето да не кажам проценти, повеќето од државните органи, вклучувајќи ги општините, да не можат да плаќаат плати за нивните вработени, односно да ги плаќаат основните нели услови, услуги кои ги даваат за да можат да служат на граѓаните, вели Касами.
Правникот Стојановски прогнозира дека Уставниот суд ќе го укине овој член, но смета дека има начин да се спречи некое драстично нарушување на работата на државните установи.
-Самата формулација која вели на крајот во своето образложение дека ќе има предвид што се тоа ќе донесе за финансиските импликации. Мене ми алудира, односно така јас така ја читам одлуката дека самата одлуката ќе биде со одложено дејство со цел да им да се даде временски рок на државата да донесе законодавство и да усогласат. истакнува Стојановски.
Долговите на институциите, а пред сè општинските се децениски проблеми. Достигнуваат повеќе стотини милиони евра, а се прават обиди да се раздолжуваат и од државниот буџет, пример со Законот за финансиска поддршка. Унгарскиот кредит е најновиот предизвик за општините кога станува збор за враќање на позајмени пари.
Александар Самарџиев
