Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.
Штрајкот, започна веднаш по полноќ и ќе трае 48 часа. Во авиокомпанијата „Евровингс“ , сите полетувања од германските аеродроми ќе бидат погодени само во текот на денешниот ден.
Се очекува откажување на стотици летови денеска и утре, при што најпогодени се главните сообраќајни центри во Франкфурт и Минхен.
Штрајкот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит“ и се однесува на платите, пензискиот систем и надоместоците во регионалната подружница „Ситилајн“.
