Oграничувања за бродовите во меѓународните води e како „пиратство“, вака иранските вооружени сили одговорија по заканата на Доналд Трамп за блокада на пловилата што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.
Портпарол на армијата изјави дека Иран ќе воведе „траен механизам“ за контрола на Ормутскиот Теснец, додавајќи дека пристаништата во Персискиот Залив треба да бидат достапни „или за сите или за никого“. Тој предупреди дека ниту едно пристаниште во Персискиот или во Оманскиот Залив нема да биде безбедно доколку иранските пристаништа бидат загрозени.
Командантот на иранската морнарица, Шахрам Ирани, ја исмеа заканата на Трамп, наведувајќи дека морнарицата „ги следи сите движења на американските сили во регионот“. „Заканите на американскиот претседател, по понижувачкиот пораз на неговата војска во третата наметната војна, се смешни“, се наведува во изјавата.
