Вести Најважни Свет

САД најавија блокада на иранските пристаништа

Од денеска САД  ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.

Командата ЦЕНТКОМ соопшти дека од 10 часот  ќе биде блокиран целиот поморски сообраќај кон иранските пристаништа.

Блокадата ќе се спроведува „непристрасно“ за бродови од сите држави. Истовремено, ќе се овозможи слободна навигација за бродовите што транзитираат низ Ормуска Теснина кон пристаништа кои не се наоѓаат во Иран.

Трамп изјави дека американската морнарица ќе пресретнува бродови што му плаќаат такси на Иран за користење на теснината, нагласувајќи дека „никој што плаќа нелегален надомест нема да има безбеден премин“.

Целта на оваа мерка е да се спречи Иран да наплаќа транзитни такси и да се намалат неговите приходи од нафта.

Блокадата може да биде ублажена доколку се обезбеди безбеден премин за сите бродови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе