Вести Македонија Топ вести

42 пријави за семејно насилство за две недели

Во период од само две недели низ повеќе градови во Македонија се регистрирани најмалку 42 пријави за семејно насилство, стои во податоците на полицискиот билтени.

Случаи се евидентирани во Скопје, Куманово, Тетово и Кичево, што повторно го отвора прашањето дали насилството расте или само почесто се пријавува.

Според дел од експертите, зголемениот број пријави може да укажува и на поголема доверба кај жртвите кон институциите, но и на подобра евиденција и поголема јавна чувствителност.

Во исто време, се предупредува дека зад секоја бројка стои реален случај на насилство и сериозна ризична ситуација за жртвите.

Аналитичарите и активистите укажуваат дека клучниот проблем останува навремената и ефективна институционална заштита. Тие предупредуваат дека без подобра координација и брза реакција, пријавите ќе останат само статистика, наместо да спречат нови случаи на насилство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе