Вести Македонија Топ вести

Измените на Законот за трансплантација достапни на ЕНЕР – граѓаните со потпис кај матичен лекар може да се согласат за органдонорство

На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

  • Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството, како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати таму каде што ѝ е местото – кај самиот човек, појаснува министерот Алиу.

Предвидено е и воведување национална листа која ја води Министерството за здравство во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе