Вести Свет Топ вести

Дегегации на САД и Иран на разговори во Исламабад

Иранската делегација денеска на разговори во пакистанскиот главен град Исламабад на разговори за решавање на конфликтот со САД и Израел, објавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на иранскиот амбасадор во Пакистан.

„И покрај скептицизмот кај иранската јавност во врска со систематското кршење на прекинот на огнот од страна на израелскиот режим, иранска делегација вечерва пристигнува во Исламабад на сериозни разговори врз основа на иранската премиса од 10 точки“, напиша амбасадорот Реза Амири Могадам на платформата Икс.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, синоќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го испраќа својот тим во Пакистан за преговори со Иран, предводен од потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

Левит додаде дека првата рунда разговори ќе се одржи во сабота.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе