Вести Македонија Топ вести

Парите за изборите под лупа на ДКСК – антикорупционерите открија сериозни корупциски ризици

Антикорупционерите констатираа сериозни слабости во финансирањето на изборната кампања за локалните избори минатата година. Според наодите од најновиот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), над половина од учесниците во изборниот процес не доставиле финансиски извештаи.

Вкупните средства за финансирање на кампањата изнесуваат околу девет милиони евра од кои, речиси, половина се обезбедени од државниот буџет за политичко рекламирање, за што Комисијата предупредува дека носи корупциски ризици. Во извештајот се посочува и дека постоечката законска рамка има значителни недостатоци.

„Клучни области на загриженост се недостиг од јавна расправа, проблеми со транспарентноста и имплементација на новите регулативи, ограничени ресурси и обука на изборната администрација, како и недостиг од поддршка на институциите одговорни за спроведување на изборите. Овие проблеми доведуваат до непредвидливост и несигурност на изборниот процес, што може да влијае на неговата стабилност и ефикасност“, кажа Адем Чучуљ, претседател на ДКСК.

Дополнително, само 42 проценти од институциите ја исполниле обврската за пријавување на службените возила, што според комисијата, отвора ризик од нивна злоупотреба. Антикорупциска отворила 43 предмети за можни неправилности, при што во еден случај е поднесена иницијатива за кривично гонење поради злоупотреба на службена должност.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе