Вести Македонија Топ вести

(Видео) Деца од кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ на хуманитарен концерт пееле песна посветена на градоначалникот Максим Димитриевски

„Максим Димитриевски, Максим Димитриевски….“ пееја децата во школскиот двор на основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово за време на хуманитарен концерт по повод празникот Велигден, настан наменет за поддршка на ученици од социјално загрозени семејства.

Од ОУ „Кочо Рацин“ минатата недела беше најавено дека Советот на родители при училиштето ќе организира хуманитарен настан под мотото „Подари насмевка, Велигден за сите“ со цел поддршка на учениците од социјално загрозени семејства, пренесоа тогаш локалните медиуми. Беше најавено дека на концертот ќе присуствуваат македонски артисти кои како што сметале родителите се едни пејачите и музичарите кои основнице секојдневно ги пратат и слушаат.

Видеото кое денес беше објавено најпрвин од Оливер Спасовски, поранешниот министер на МВР од редовите на СДСМ, а потоа и самата партија можеше да се види дека децата присутни на концертот на игралиштето на училиштето во еден глас ја пеат песната “Максим Димитриевски“ која беше популарна за време на локалните избори минатата година.

Спасовски на својот „Фејсбук“ преку објава напиша дека е недозволива  злоупотребата на деца за политички и партиски цели.

„Злоупотреба на деца за политичка промоција е недозволива и срамна. Училиштето мора да биде место за образование, воспитување и вредности, а не сцена за политички кампањи. Куманово знае да препознае кога се преминува границата. Ова е токму тоа“, вели Спасовски, кој и самиот е од Куманово.

Од СДСМ дополнително објавија соопштение во кое наведуваат дека ова е нов скандал кадешто се злоупотребуваат деца за за политички цели на ЗНАМ и актуелниот градоначалник на Куманово,  Максим Димитриевски.

„Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, каде што работи и сопругата на Максим Димитриевски како и претседателката на Советот на Куманово, Ивана Георгиевска, исто така од ЗНАМ била организирана т.н. „хуманитарна акција“ од страна на Советот на родители.
Наместо вистинска хуманост, на настанот се злоупотребени дечињата и принудени да ја пеат песна од изборната кампања на Димитриевски“ стои во соопштението на СДСМ. 

Тие дополнително наведоа дека ова претставува класична злоупотреба на деца за политичка промоција, спротивно на законите и претставува грубо кршење на правата на децата. Наведувајќи го членот 12, став 4 од Законот за заштита на децата, строго забранува злоупотреба на децата за политичко организирање и дејствување. Од СДСМ побараа итна институционална реакција од сите надлежни органи – Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и наука и Комисијата за заштита на правата на детето. Односно да се утврди одговорноста и да се спроведат соодветни санкции за сите инволвирани, бидејќи децата не смеат да бидат алатка за политички цели.

Движењето ЗНАМ излезе со реакција со која ги отфрлија како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања.

„Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои. Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква злоупотреба на деца, ниту принуда, ниту политичка активност, ниту било каков организиран партиски ангажман. Станува збор за хуманитарен настан организиран од Советот на родители при училиштето, со благородна цел – помош таму каде што е потребно. Се друго што го пласира СДСМ е груба лага. Целата организација е на родителите во соработка со естрадни уметници, водители, ди-џеи и аниматори кои на свој слободен стил се изразуваат. Песната е авторска, а не изборна, како што самите ја именуваат, што дополнително ги демантира нивните обвинувања и обидите за политизација на настанот“, стои во сооптешнието на ЗНАМ. 

Тие дополнително посочија дека наместо да се поздрави настан со хуманитарен карактер, од партијата СДСМ се обитуваат да го исполитизираат, а дополнително отфрлија обвинување дека немало никаква злоупотреба на деца.

Песната „Максим Димитриевски“ беше создадена од ромската заедница за време на локалните избори. Тогаш креаторите на песната рекоа дека е направена во чест и благодарност на Димитриевски за досегашната работа во кумановската населба Средорек. Оттогаш, песната се пееше за време на прославата на ЗНАМ по победата на Максим Димитриевски на локалните избори, на плоштадот во центарот на градот Куманово, а се пушташе и на нивни прослави по дискотеки. Додека на социјалните мрежи се создаде и т.н. “тренд“ со стотици видеа кои беа креирани од страна на корисниците.

(Видео)Ромите во Куманово му посветија песна на Максим Димитриевски во знак на благодарност

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најголема заплаена на дрога во Австралија од 2,7 тони

Дејан Дејан

„Охрабрувачки напредок“ во разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцаријa

Дејан Дејан

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе