Вести Македонија Топ вести

Студентите од клупи во лаборатории и компании?!

Студентите од клупи да влегуваат во лаборатории и компании, поддршка на стартап иницијативи во рамки на универзитетите, иновациска инфраструктура, подобар трансфер на технологии и посилно поврзување со бизнис секторот е целта на денешното потпишување на Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иновации (ИНОВА) и државните универзитети. Фокусот на ова партнерство е создавање на економија базирана на знаење.

  • „Нашата заедничка цел е да создадеме систем во кој истражувањето ќе резултира со решенија, знаењето со вредност, а идеите со успешна приказна. Но, најважно е што создаваме услови, младите да ја видат својата иднина тука, да иновираат и создаваат во сопствената држава“, рече Даниела Димовска од Агенција за иновации и технолошки развој.

Ректорката на Универзитетот УКИМ рече дека од оваа соработка ќе имаат бенефит за сите засегнати страни, а можноста студентите да партиципираат, ќе им го олесни преодот на пазарот на трудот.

  • „Универзитетите се место каде што се наоѓа експертизата, знаењето, лабораториите, методите, научно-истражувачките резултати кои се основа за да се направи трансфер кон реалниот сектор. Како резултат на тоа се развиваат технолошки иновации во форма на производи и услуги и токму тој трансфер кон реалниот сектор може да даде значителни бенефити за малите претпријатија, стартапи, кои својот развој ќе го базираат на иновации“, рече Билјана Ангелова, ректор на УКИМ.

Министерката за образование упати порака и до бизнис заедницата.

  • „Ги повикувам сите активно да се вклучат и да ја насочат својата научно-истражувачка работа токму кон областите каде што потенцијалот з анапредок е најголем. Верувам дека ова е вистинскиот пат да се изгради кадар кој ќе биде конкурентен и подобен да се справи со современите предизвици“, рече Весна Јаневска, министерка за образование.

Премиерот рече дека оваа  соработка помеѓу универзитетите, институциите и бизнис-секторот може да резултира со нови проекти, заеднички истражувања и креирање решенија со реална примена, со што се создаваат услови за задржување на младите таленти во државата.

  • „Поврзувањето со приватниот сектор и институциите создава основа за поефикасен трансфер на знаење и технологија. Фокусот на ова партнерство е во согласност со нашите стратешки приоритет, а тоа се поттикнување на иновациите, поддршка на претприемаштвото и стартапите, како и развој на конкурентна економија базирана на знаење“, рече Христијан Мицкоски, премиер.

Меморандумот беше потпишан со ректорите на УКИМ – Скопје, ДУ – Тетово, УГД – Штип, УЈИЕ – Тетово, УКЛО – Битола, УСАП – Охрид и УМТ – Скопје кои се обратија на настанот, нагласувајќи ги придобивките од партнерството со ИНОВА и важноста на иницијативата за практична примена на знаењето.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Дејан Дејан

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

Дејан Дејан

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе