Вести Свет Топ вести

Ливит: Трамп не блефира, подготвен е да му нанесе пекол на Иран

Иако тврди дека воопшто не се водат никакви преговори за крај на војната, Иран го отфрли американскиот мировен план од 15 точки, и како одговор објави свој со само 5, но сите дијаметрално спротивни од американската понуда, дополнително продлабочувајќи ја збунетоста на светската јавност дали има или не преговори.

Белата куќа инсистира преговори има, не се блокирани и продолжуваат.

Нема потреба од повеќе смрт и уништување. Но, ако Иран не успеа да ја сфати моменталната реалност, ако не успеат да сфатат дека воено се поразени и така и ќе продолжи, претседателот Трамп гарантира дека ќе бидат нападнати посилно од било кога претходно. Претседателот Трамп не блефира и подготвен е да им нанесе пекол, рече портпаролката на Белата куќа, керолајн Ливит.

Иранската државна телевизија цитираше висок политички претставник на Исламската држава избегнувајќи да го соопшти неговото име, кој ги наброја иранските услови за прекин на војната. Техеран сака крај на војната на сите фронтови, вклучувајќи ги и бројните милитантни групи кои тој поддржува и финансира, обединети по капата на т.н. Оска на отпорот.

Понатаму, Исламската држава сака прекин на атентатите врз нејзините високи функционери и верски чиновници, имплементирање на јасни и конкретни механизми со кои се гарантира дека Иран нема повторно да биде нападнат, гаранции и јасно утврден механизам за исплата на воени репарации, и меѓународно признавање на иранското суверено право да го контролира Ормускиот теснец.

Претходно, американските медиуми објавија детали од мировниот план на во кој од Иран се бара, целосно уништување на нуклеарните објекти, истите тие кои Трамп веќе повеќе пати ги прогласи за целосно уништени; откажување од нуклеарното оружје и предавање на збогатениот ураниум; ограничување на ракетите и прекин на поддршката за сојузничките милитантни групи како Хезболах. Во замена, Иран ќе добие укинување на санкциите, помош од САД за развој на нуклеарна програма за цивилни цели и можен прекин на огнот.

И покрај овие тврдења за наводни преговори, постапките на Пентагон навестуваат не само продолжување на конфликтот, туку можеби и негово дополнително разгорување. Елементи од фамозната 82 воздушно десантна дивизија, специјализирани, како што и самиот назив посочува, за инвазии, но и првиот Бригаден борбен тим на прославената 10-та планинска дивизија на американската армија, која од првата војна во Ирак во 1990 година до сега учествувала во сите конфликти на американската армија.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе