Вести Свет

Откажани летови, заглавени 57 илјади патници- штрајк го стопира сообраќајот на меѓународниот аеродром Бранденбург

Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром Бранденбург во Берлин е речиси целосно во прекин поради штрајкот свикан од синдикатите во врска тековниот спор во врска со платите на вработените.

Штрајкот  почна во шест часот изутринава ќе бидат засегнати околу 445 летови со околу 57 илјади патници. Неколку летови веќе се откажани, а на патниците им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за информации за алтернативни патувања и пререзервации.

Верди, еден од најголемите синдикати во Европа, е во преговори со компанијата „ФББ“ што стопанисува со аеродромот Берлин-Бранденбург, барајќи шестпроцентно зголемување на платите или најмалку 250 евра за околу две илјади вработени. Согласно последниот колективен договор со важност од 12 месеци, Синдикатот уште бара и дополнителен слободен ден за работниците.

Во текот на втората рунда преговори од минатата недела, претставниците на работодавачот изнеле почетна понуда што за Синдикатите не била доволна.

Директорката на „ФББ“, Алетa фон Масенбах, го оцени штрајкот како непропорционален, особено што е свикан во „веќе многу напната ситуација поради војната во Иран“. Таа изрази уверување дека договор ќе биде постигнат на следната рунда преговори закажана за 25 овој месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе