Вести Македонија

Активно учество на граѓанскиот сектор е неопходно за напредокот на Македонија 

Македонија има добра законска рамка, но проблемот е неспроведување, има слаб социјален дијалог, отсуство на заштита од дискриминација и нетранспарентно рекламирање со државни пари, заклучиле претставниците на Европскиот економски и социјален комитет по неколкудневните средби со претставници на работодавачите, на синдикатите, на невладиниот сектор и на Владата.

Наредната година претставници од Македонија ќе бидат повикани да дискутираат во рамки на процесот на проширување, а од Комитетот велат дека напредокот на државата не е како што беше очекувано.

Бизнис заедницата треба да биде клучен партнер во економскиот дел на пристапниот процес на Македонија, смета претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Вицепремиерот Беким Сали кажа дека процесот на пристапување не е само техничко усогласување со законодавството на ЕУ, туку е трансформација на културата на владеење, јакнење на владеењето на правото, заштита на темелните права и продлабочување на социјалниот дијалог.

Комитетот ќе го изготви извештајот во рок од шест месеци, ќе го објави јавно и достави до Владата, а овој извештај ќе биде поврзан со извештајот за напредокот на државата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има 112 далекуводи, за 59 нема имотни листови, трафостаници во заедничка сопственост со ЕВН – ревизорски извештај за МЕПСО

Sasko Dimovski

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе