Вести Економија Македонија Топ вести

Нафтата скокна, македонската економијата на штрек – дали е пред нас нова криза?

Домашните аналитичари со умерен оптимизам. Се надеваат дека воениот конфликт на Блискиот Исток нема да трае долго и нема да дојде до нова енергетска криза која ќе повлече нов ценовен шок. За само два дена, цената на нафтата доживеа скок на берзите. Очекуваат дека за брзо ќе слушнат решение, во спротивно ударот за Македонија ќе биде голем, а такво нешто не ѝ е потребно на домашната економија која сè уште се опоравува од претходната криза. Предупредуваат, ако дојде до тоа, надлежните немаат многу простор за делување со одредени мерки за да се ублажат последиците.  

„Самото зголемување на цените на нафтата поврзува зголемување или отежнување, односно поскапување на цените на транспортот, поскапување на цените на храната, поскапување на сè што е поврзано со вложување, односно вклучување на овој тип на енергија. Во тој случај, малите и отворени економии како нашата кои се увозно зависни, кои увезуваат голем дел од своите производи и извозно зависни, можат да трпат повеќе последици и видовме во минатото што може да се случи“, смета универзитетскиот професор, Борче Треновски. 

Треновски предупредува одолговлекувањето на воениот конфликт може да создаде потешкотии и во снабдувањето со суровини што би ја намалило економската активност. Смета дека во вакви глобални случувања да делува заедно со соседите.

„Ние сме премногу мала земја за да можеме сами да настапуваме во глобалните текови и да мислиме дека ефектите нема да нè допрат. Соработката со сите земји во регионот и настапувањето како еден заеднички партнер во оваа насока. Сепак, се надевам дека оваа криза е од привремен карактер“, додава Треновски. 

Oд Министерството за финансии, пак, тврдат дека ја следат состојбата и ако има потреба ќе интервенираат во нивниот дел. Во услови на воена, вонредна криза или предизвикана од природна или друга непогода, тие како министерство можат да ја намалат акцизата до 4 денари или ДДВ за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто.

И од РКЕ уверуваат дека се следат случувањата кои треба да покажат дали ќе има потреба од носење на вонредни одлуки на малопродажните цени на бензините и дизелот. Тоа се случува во услови кога треба да се намалат или зголемат за повеќе од два денари.

Со воениот конфликт на Блискиот Исток, цената на нафтата на берзите достигна до речиси 80 долари за барел. ОПЕК го зголеми производството но допрва ќе се види дали е доволно за да се држи стабилна цената. Од друга страна поради запирање на производството на течен гас, цената на холандската берза се зголеми за 40 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе