Најмалку едно лице загина, а 39 лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 16 часот во Милано, кога трамвај излета од шини во северниот дел на градот.
Според првичните информации, преполниот трамвај удрил во страничен дел на зграда. Се верува дека пешак загина, додека најголем дел од повредените се патници. На лице место има бројни медицински екипи, а има гласини за луѓе кои останале заробени во трамвајот.
𝐈𝐥 𝐦𝐨𝐦𝐞𝐧𝐭𝐨 𝐞𝐬𝐚𝐭𝐭𝐨 𝐝𝐞𝐥𝐥’𝐢𝐦𝐩𝐚𝐭𝐭𝐨 ⬇️#Milano #Tram pic.twitter.com/a26GZdncN6
— Mi-Tomorrow (@MiTomorrow) February 27, 2026
Патниците опишаа дека непосредно пред несреќата слушнале бучава под трамвајот, по што возилото свртело, забрзало и удрило во зграда.
„Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и останатите патници. Ужасно“, изјави патник за агенцијата Анса.
Засега е непознато што предизвикало излетување на трамвајот од шините, иако медиумите шпекулираат дека возилото можеби пребрзо влегло во свиок.
