Продолжуваат контролите на фирмите за медицинска марихуана, се проверува и поврзаноста на „Грин лајф“ со шверцот во Србија. Инспекторите и МВР откако најдоа нерпавилности и поништија 6 лиценци неделава. По, оние 15 проверени денеска се чешла докуемтнацијата на уште две под сомнеж дека и тие не постапувале по закон, или по правилник.. Засега во полициските магацини се скалдирани десетоци тони конфискувана марихуана и био маса, а под истрага се 6 лица за шверцот на 5 тони канабис во Србија.
Вонредните контроли на одгледувачите на марихуана за медицински цели продолжуваат, но се уште не се знае дали ќе биде одземена уште некоја лиценца. Минатата недела им беа одземени лиценци на 6 фирми, меѓу кои и на скопската Алфафарм Груп од каде беа запленети речиси 9 тони медицинска марихуана, по апсењето на еден од сопствениците Иван Драгниќ во Србија. Досега, според министерот за здравство Азир Алиу проверени се 15 фирми, а во моментов контроли има дополнително во уште две.
- „Оваа група на експерти кои што се на терен заедно со министерството за внатрешни работи, верувајте дека работат секој ден, повеќе од 10 часа, се со цел да може во тие 45 дена кои ние како влада ги задолживме да може да ги поминат сите фирми и на крај да видиме колку од нив ќе продолжат да работата, а колку од нив нема да можат, бидејќи ќе им бидат одземени лиценците“, рече Алиу.
Другиот кососпственик на Алфафарм, Предраг Брковиќ е осомничен во Македонија откако 5 тони медицински канабис завршија нелегално во Србија. Без лиценца остана и валандовската “Грин лајф“, од каде беа запленети еден тон марихуана и над еден тон биомаса отпад.
Дел од фирмата поседува Александар Мијајловиќ преку белградската „Бионатуралс“. Мијајловиќ е осомничен за шверцот на марихуана во Србија и е во бегство.
На прашање дали се истражува поврзаноста и на „Грин лајф“ со шверцот од обвинителството одговорија дека се истражуваат сите индици.
- ОЈО ГОКК: „Обвинителството континуирано презема дејствија во насока на расчистување на случајот. За секое правно лице за кое ќе биде утврдена каква било поврзаност ќе биде предмет на понатамошна постапка.“
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на наредната владина седница во вторник ќе бидат одземени уште неколку лиценци, бидејќи фирмите за одгледување на медицински канабис не постапувале согласно законите.
Марија Митевска
Б.С.
