Вести Македонија Топ вести

Блокфест пред цементарница „Усје“

Со музика, настапи на артисти и барање за чист воздух, пред главниот влез на цементарница „Усје“ се одржува мирна блокада под паролата „Без Усје полесно се дише“.

Собирот го организира граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ која бара поставување мерни станици околу фабриката со јавно достапни податоци. Сметаат дека со години цементарницата го загадува воздухот и го загрозува здравјето на жителите од околните населби.

„Имаме осум барања. Но, најважно е што бараме да се постават неколку мерни станици околу самата фабрика. Резултатите од мерењето да бидат јавно достапни за, конечно, сите да можат да видат што е вистината. Ние сите имаме очи и нос, може да почуствуваме што се случува. Но, не се поставуват мерни станици за тоа да може да се потврди“, изјави Петар Керамитчиев од иницијативата „Стоп за Усје“.

Од фабриката „Усје“ ги отфрлаат обвинувањата. Велат дека работат според законските прописи.

„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А Интегрирана еколошка дозвола, честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, одговорија од „Усје“ преку соопштение.

Порачуваат дека протестите ќе продолжат се додека институциите не преземат чекори.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе