Вести Македонија Најважни

Сите 4 фирми кои се дел од скандалот со шверцот на марихуана ги изгубија лиценците, на списокот до кој дојде Телма има вкупно 6 фирми за марихуана со неправилности и законски прекршоци

Одземени се лиценците на скопската фирма Алфафарм Груп поради констатиран кусок на сув цвет, немање на физичко обезбедување и немање видеонадзор. Двајца косопственици на Алфафарм се осомниочени за шверцот на марихуана од Македонија во Србија, Иван Драгниќ е осомничен во Србија, а во Македонија е осомничен Предраг Брковиќ.

Без лиценци останаа валандовската Green Life поради констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба, како и CBD Medplant поради кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба.

Во ГринЛајф, сопственик преку белградска фирма е и Александар Мијаиловиќ кој е во бегство и е осомничен во Србија за организација на шверцот и складот со 5 тони марихуана кај Крушевац.

Голем дел од марихуаната откриена во Алфафарм пак била донесена од струмичката фирма ЦБД како и од Лајф плант.

Life Plant останала без лиценца поради недостиг на видео надзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет.

На уште две фирми им се одземени лиценци, на Ata Farm пордик немање соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор и на Kanabinoids поради неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).

Министерот за здравство Азир Алиу во интервју за емисијата КОД на Телма, во неделата соопшти дека од 10 контролирани, 6 фирми за производство на медицински канабис ќе останат без лиценци бидејќи не ги почитувале законските обврски.

Марихуаната била шверцувана од Алфафарм со камион кој границата ја преминал со царинско-шпедициски документи за извоз на перници од Прилеп во Манчестер, Англија, објави КОД во неделата. Перниците биле заменети со марихуаната во Свети Николе на паркинг плас ноќта на 13-ти јануари по што транспортот заминал за Србија.

Еве ја листата на фирмите за кои е предложено одземање на лиценците:

  1. Alphafarm – констатиран кусок на сув цвет,необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор
  2. Green Life – констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба.
  3. CBD Medplant – кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба (доставено е само известување за транспорт).
  4. Life Plant – недостиг на видео надзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет.
  5. Ata Farm – непостоење соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.
  6. Kanabinoids – неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе