Вести Македонија Топ вести

Владини административци на тим билдинг кој граѓаните ќе ги чини 80 илјади евра – оттаму велат тоа е со цел да се унапредат капацитетите

Вработените во Владата ќе имаат можност да одат на седум вида на тим билдинг обуки во времетраење од три дена, а тоа граѓаните ќе ги чини пет милиони денари, односно 80.000 евра. Од податоците на сајтот за јавни набавки објавен е тендер каде што се бараат соодветни понудувачи кои владините административци ќе ги возат до Струмица, до Берово и до Охрид, а предвидено е тие да бидат сместени во хотели со минимум 4 ѕвездички со два полни пансиона.

Телма се обрати до Владата која објасни дека обуките за административни службеници се во функција на континуирано, стручно усовршување на вработените, како и нивно професионално надградување и реализирање во работниот процес во најважните области.

„Инвестирањето во обуки е мерка насочена кон унапредување на организациската ефикасност. Меѓу другото, обуките обезбедуваат правилна примена на важечките прописи, односно тоа е инвестиција во човечкиот капитал, кој претставува клучен фактор за одржлив развој и институционална стабилност“, соопштуваат од Владата.

Според документацијата и побарувачката, може да се увиди дека од предвидените тим билдинзи административците ќе имаат прилика да бидат обучувани како да управуваат со човечки ресурси, понатаму ќе се спроведува обука за јавни набавки и канцелариско, архивско работење, како и финансии, сметководство и ревизија.

Дополнително, еден од деловите на предвидените обуки ќе биде посветен на дигитализација и дигитални вештини за административни службеници, каде ќе им се предаваат основи на вештачка интелигенција. А ќе се спроведе и тренинг за применување на закони за општа-управна постапка, управни и работни спорови како и заштита на лични податоци.  Огласот за понудувачите е отворен до 4 март, а како предност ќе имаат оние кои понудат најниска цена.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе