Украинското министерство за надворешни работи ги отфрли и осуди, како што велат, ултиматумите и уцените од владите на Унгарија и Словачка поврзани со испораките на енергија. Таквите потези за Киев се провокативни и неодговорни во моменти кога Русија изведува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Унгарија најави блокада на 90 милијарди евра од ЕУ за Украина
Во соопштението од Киев се истакнува дека заканите од Будимпешта и Братислава за загрозуваат енергетската сигурност на целиот регион.
„Во контекстна обидите на Москва во текот на зимата да скрати струја, греење и гас за Украинците, ваквите изјави му одат на рака на агресорот, но им штетат и на енергетските компании во Унгарија и во Словачка кои работат на комерцијално“, порачаа од украинското МНР.
Киев истакна дека предложил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и за Словачка. Украина ги повика владите на Словачка и на Унгарија на конструктивна соработка, порачувајќи им ултиматуми да праќаат до Кремљ, а не на Киев.
