Ќе бидат ли приморани домашните транспортни фирми да селат своите камиони и возачи за да преживеат? Во Топ Тема дебата со Синиша Миланов, Сојуз на стопански комори и Билјана Муратовска претседател на „Макам-транс“.
Транспортните компании во Македонија веќе размислуваат да се преселат во некоја од соседните држави членки на ЕУ за да ги избегнат ограничувањата на движењето и престојот на професионалните возачи во Унијата.
Македонските превозници се уште немаат изградено став, а нивните колеги од Србија и Босна и Херцеговина се подготвени за нови блокади на граничните премини кон државите од Шенген зоната.
Муратовска вели дека никој не знае колку многу капитал е вложен во транспортот, зашто е на тркала и не го гледаат. Меѓутоа капиталот е огромен којшто секоја друга држава би го примила. Поготово што сега од поголемите фирми, овие што имаат Еуро 5-ки, Еуро 6-ки, што се возила коишто се прифатливи.
- Од друга страна возачиве викаат – ако јас не можам да возам месец за месец, па да си остварувам соодветни средства за егзистенција, ќе си одам во Европска Унија. Што значи, едно решение ем да ги задржат возачите, ем да работат, е да преминат во друга држава.
Муратовска истакна дека веќе има такви случаи, но истакнува дека сепак поголемиот дел од нив не сакаат да си одат од Македонија, бидејќи нормално дека е подобро да работиш на своја територија, ги познаваш законите, прописите, сè…
- Меѓутоа има случаи каде што викаат „морам да се снајдам за да опстанам“. Некогаш викаат доволно е едно-две возила да вртат, така е кај нас изговорот, да работат за да може да опстанеш па додека се реши некој случај. За разлика од странство каде што веќе сè е неколкукратно поголемо. Меѓутоа нема да биде проблем само за транспортерите, ќе биде на буџетот на нашата држава бидејќи ние носиме многу девизен прилив, децидна е Муратовска.
Миланов вели дека ССК нема конкретна и проверена информација дека се планира нешто такво, но меѓутоа нормално не се исклучува доколку не се изнајде решение, доколку се отежни целокупнава работа, а нормално дека компаниите ќе си го бараат решението.
- Факт е дека доколку ова стане ригорозно како што вака се предвидува и се најавува, дека возачите ќе реагираат. Како што кажавме, на едно возило ќе треба да има двајца возачи, тој возач ако чека, нормално нема да чека со минимална плата, не може додека другиот реализира. Тоа е јасно и секој ќе си го бара решението. А не е новина да кажеме за македонски фирми да имаат фирми во странство, во некоја европска држава. Постојат и пред да се случи ова фирми што се регистрирани во Словенија, во Хрватска, во Бугарија, ќе постојат и потоа, вели Миланов.
Б.С.
