Вести Економија Топ вести

Finance Think го поддржува порастот на минималната плата

Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите.

Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие неколку ризици.

Првиот ризик е притисокот врз цените. Инфлацијата во месец јануари се сведе на 3.2% на годишно ниво, што е забавување од декемвриската бројка од 4.1%, но сé уште над нивото на инфлација кое се смета за стабилно, и над нивото во Еврозоната од 1.7%, што е важна референца поради фиксниот курс на денарот во однос на еврото.

Упорната инфлација во Северна Македонија е резултат на повеќе фактори, подредени според нивната важност:

  1. Зголемениот доход во економијата, како последица на високиот реален раст на платите во последните неколку години, во најголема мера резултат на хроничниот недостиг од побарувана работна сила на пазарот на труд; како и последица на големиот пораст на пензискиот доход кој во релативно краток период изнесуваше над 30% од просечната пензија (Графикон 1).

Графикон 1 – Динамика на медијалниот доход во економијата

Извор: Сопствени пресметки врз основа на Анкета за приходи и услови на живеење од Државен завод за статистика.

  • Особено во втората половина од 2025 и во овој момент, упорната инфлација во најголема мера е последица на притисокот што доаѓа од страната на потрошувачката. Платите – основниот вид доход во економијата – скоро долж целиот период растеа повеќе од растот на продуктивноста, така што во 2024 споредено со 2017, просечната плата е повисока за 79.9%, минималната плата за дури 88%, а продуктивноста за само 49.8% (сите показатели се номинален раст, Графикон 2). Ваквата дивергенција меѓу доходите и продуктивноста е макроекономски неодржлива и директно се преточува во ценовен притисок.

Графикон 2 – Продуктивноста на трудот и платите, годишен раст

Извор: ДЗС.

Целосниот текст можете да го прочитате на следниот линк

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе